27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Intel“ очекува 1,5 милијарди долари од продажбата на дел од „Mobileye“

„Intel“ очекува 1,5 милијарди долари од продажбата на дел од „Mobileye“

„Intel Corp.“, најголемиот американски производител на чипови според приходите, ќе продаде дел од својот удел во „Mobileye Global Inc.“, собирајќи околу 1,48 милијарди долари за своите амбициозни планови за трошење, пишува „Bloomberg“.

Американската компанија нуди 35 милиони акции со опција за продажба на уште 5,25 милиони акции на израелскиот производител на технологија за автоматско возење, објави во понеделникот „Mobileye“ во регулаторното поднесување. Акциите на „Mobileye“ се зголемија повеќе од двојно од нејзината првична јавна понуда во октомври минатата година. „Goldman Sachs Group Inc.“ и „Morgan Stanley“ ќе ја преземат продажбата.

Извршниот директор на Интел, Пат Гелсинџер, започна амбициозен план да го врати лидерството на компанијата во индустријата за полупроводници со изградба на нови погони и брзо подобрување на производствените технологии. Тоа го прави во време кога главниот пазар за нејзините производи, процесори за персонални компјутери, пропадна. Компанијата губи пазарен удел, што негативно се одразува на продажбата и профитот.

По продажбата, „Intel“ ќе задржи околу 88% од акциите во „Mobileye“, кој го купи во 2018-та година за 15,3 милијарди долари.

Акциите на „Mobileye“ паднаа за 2,7% во понеделникот за да се затворат на 42,37 долари, оставајќи го растот за 21% за годината. Акциите на „Intel“ паднаа за 4,6% до 29,86 долари во Њујорк, намалувајќи го својот пораст во 2023-та година на 13%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП