25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Meta“ најави нов уред за проширена реалност (ВИДЕО)

„Meta“ најави нов уред за проширена реалност (ВИДЕО)

Шефот на „Meta“, Марк Цукерберг, побрза во пресрет на најавената презентација на нивниот уред за проширена реалност од страна на „Apple“ и ја најави новата генерација на уредот на „Meta“ – „Meta Quest 3“.

Иако не откри точно кога „Quest 3“ ќе биде достапен за јавноста, „Meta“ истакнува дека тоа ќе се случи „оваа есен“.

„Quest 3“, според најавата, ќе чини 499 долари и ќе има повисока резолуција, подобри перформанси, револуционерна технологија „Meta Reality“ и потенка, поудобна форма.

Како што е истакнато, „Quest 3“ ќе има екран со најголема резолуција меѓу претходните модели на „Quest“ и рафинирана оптика, а за стартување ќе го користи чипот од новата генерација на „Snapdrag“, кој, како што вели, е развиен во соработка со „Qualcomm“. Иако не прецизираше за кој чип станува збор, тој треба да обезбеди повеќе од двојно поголеми графички перформанси од претходната генерација на „Snapdragon GPU“ во „Quest 2“.

„Благодарение на нашиот напредок во технологијата за следење, ги отфрливме надворешните прстени за следење, така што контролорите се чувствуваат како поприродно продолжување на вашите раце и заземаат помалку простор. Исто така, вклучивме и „TruTouch“ хаптици, кои првпат дебитираа во „Touch Pro“ уредот, да ви помогне да ја почувствувате акцијата како никогаш досега“, велат од „Meta“.

Цукерберг вети повеќе детали за чипот, уредот „Quest“ и други новости од „Meta“ на конференцијата за виртуелна реалност „Meta Connect“, која ќе се одржи на 24-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП