17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОSунига останува во Наполи

Sунига останува во Наполи

suniga

Еден од главните играчи на Наполи, Хуан Камило Sунига останува во Неапол. По неколкумесечните преговори колумбиецот го обнови договорот за уште пет сезони.

Ова го соопшти лично претседателот на „сините“ Аурелио Де Лаурентис во својот Твитер профил и на официјалната страна на клубот, на само неколку часови пред гостувањето на Арсенал во Лигата на Шампионите.

„Многу сум среќен што можам да ви објавиме дека Sунига останува со нас уште пет години”, напиша ексцентричниот претседател на неаполитанците.

Тоа е одлична вест за Рафаел Бенитез и тифозите од Неапол, бидејќи 27-годишниот играч е еден од најдобрите во тимот. Во текот на летото тифозите на клубот се нафрлија врз него, бидејќи се појави информација дека одбива да го обнови својот договор и има потпишано прелиминарен договор со Јувентус. Лично тренерот на „старата дама“, Антонио Конте цело лето инсистираше кај своите шефови да го доведат репрезентативецот на Колумбија, а поранешниот тренер на Наполи, Валтер Мадзари исто така упати понуда за Sунига, откако го сакаше во Интер.

Во последно време пак се појави информација дека и Барселона сака да го има во својот состав.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП