По победата на вчерашниот натпревар против домаќинот Младост 1977, Голден Арт го совлада тимот на Бутел со резултат 31:27 (15:14), потврдувајќи го статусот на фаворит и покажувајќи дека во моментов е најдобра македонската ракометна екипа, за ракометари родени 2004 година и помали.
Како што беше случај и во полуфиналето, Голден Арт во грч го стартуваше натпреварот, нашиот вечерашен противник тоа го искористи создавајќи солидна разлика од +5 (8:3). Како поминуваше полувремето, новиот македонски шампион ја “топеше” разликата, за на пауза да се замине со само гол негатива 14:15.
Вториот дел беше во ритамот на последните 15 минути од првиот, а Голден Арт многу брзо го израмни и ја превзема иницијативата и го сврти резултатот во своја полза. Од тој момент Голден Арт беше во постојано водството од 2 до 4 погодоци (18:20, 20:23 и 23:27) контролирани ја играта и резултатот. Последните минути беа само формалност, а Голден Арт по второто место на пиоерите и четвртото на кадетите, се искачи на тронот на највозрасната категорија.

Ракометниот клуб Голден Арт уште еднаш покажа дека многу инвестира во младите македонски ракометари и дека и во иднина ќе го има главниот збор во македонскиот клубски ракомет, таму каде се создаваат македонските ракометари.

Покрај трофејот и златните медали за најдобрата македонска ракометна екипа во Македонија, во младинска конкуренција, двајца ракометари на Голден Арт се закитија со индивидуални награди.

Кристијан Стаменковиќ е прогласен за најдобар десен бек, а Немања Џигероски за најдобар среден бек на турнирот.
All_Star тим на Ф4 младинци:
голман – Благој Панов (Младост Богданци)
лево крило – Дамјан Субашевски (Бутел Скопје)
лев бек – Антонио Николоски (Младост Богданци)
среден бек – Немања Џигероски (Голден Арт)
десен бек – Кристијан Стаменковиќ (Голден Арт)
десно крило – Дамјан Георгиев (Пролет)
пивот – Илија Чрчев (Младост Богданци.
Кристијан Стаменковиќ, десниот бек на шампионот Голден Арт е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир.