ИНТЕРЕСНО

РК Алкалоид се пласираше во EHF Европската лига со победата над Вардар

Македонскиот Ракометен Клуб Алкалоид, со денешната победа во гости над РК Вардар (21:25) обезбеди пласман во EHF Европската лига.

Најдобри стрелци за Алкалоид на натпреварот беа Серафимов со постигнати 6 голови и Џонов со постигнати 4 гола.

Ова е втор пораз кој Алкалоид му го нанесува на Вардар, со кој обезбеди пласман на EHF.

Ракометарите на Алкалоид предводени од Кире Лазаров, сезонава покажаа дека имаат многу квалитети и дека можат уште многу да напредуваат.