23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКинески хакери се инфилтрирале во американската инфраструктура

Кинески хакери се инфилтрирале во американската инфраструктура

Хакерска група спонзорирана од кинеската држава се инфилтрирала во големите инфраструктурни мрежи во САД, објавија во средата Вашингтон, неговите западни сојузници и Мајкрософт, предупредувајќи дека слични кампањи може да се случат ширум светот.

Властите задолжени за безбедноста на информациите во САД, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд, предупредија во заедничката изјава на „низа активности“ поврзани со „кинескиот државен сајбер актер, познат и како Волт Тајфун“.

„Оваа активност влијае на мрежите на главните американски инфраструктурни сектори“ и субјектот што ги извршува нападите „може да ги примени истите методи низ целиот свет“, додаваат тие.

Во одвоено соопштение, Мајкрософт рече дека „Волт тајфун“ е активен од средината на 2021 година и дека, меѓу другото, целел важна инфраструктура на островот Гуам, дом на голема американска воена база во Тихиот Океан.

Таа кампања би можела „да ја наруши важната комуникациска инфраструктура меѓу САД и азискиот регион во идни кризи“, предупреди Мајкрософт.

„Набљудуваното однесување води до заклучок дека злонамерниот актер има намера да се вклучи во шпионажа и да го одржува пристапот (до инфраструктурата) што е можно подолго без да биде забележан“, додава американската технолошка групација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП