19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалдес блиску до договор со Монако

Валдес блиску до договор со Монако

valde

Шпанските медиуми пренесуваат дека работата е скоро готова и дека голманот на Барселона следната сезона ќе ги засили „кнезовите“.

Виктор Валдес минатата година одби да потпише нов договор со „каталонците“, а важечкиот му истекува во јуни следната година.

Како што стојат работите, тој ќе ја заврши сезоната во Барселона, а потоа ќе замине во Монако, кој му подготви четиригодишен договор со кој ќе заработува 10 милиони евра годишно.

31-годишниот чувар на мрежата е член на Барса од 2002-та година, а досега за тимот од „Ноу Камп“ забележа 511 настапи.

Што се однесува до репрезентацијата на Шпанија, тој остана во сенка на Икер Касилјас, па и на Пепе Рејна, па мрежата на националниот тим ја чуваше само 17 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП