3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКорисниците на „Android“ во рекорден број се префрлаат на „iPhone“

Корисниците на „Android“ во рекорден број се префрлаат на „iPhone“

Приказната за „Android“ vs „Apple“ секогаш ќе биде актуелна, а најновите бројки откриваат дека едната страна ќе биде многу позадоволна во оваа година.

Според последниот извештај што излезе од „Consumer Intelligence Research Partners“ (CIRP), во последните 12 месеци „Apple“ доби повеќе корисници од „Android“ платформата отколку во кое било друго време во последните пет години.

„CIRP“ откри дека од март 2022-ра до март 2023-та година, 15% од купувачите на „iPhone“ посочиле дека се префрлиле од телефон со „Android“.

Ова е уште еден доказ дека „Apple“ секој ден станува се попопуларен од „Android“. Познатиот портал „TechRadar“ открива пет можни причини зошто е тоа така. Па да видиме кои се тие причини.

1. Подолга софтверска поддршка

„TechRadar“ наведува дека беспрекорната софтверска поддршка за „iPhone“ е една од неговите главни предности во однос на уредите со „Android“. „Apple“ обично обезбедува софтверска поддршка за „iPhone“ пет или шест години, а сите ажурирања се редовни. „Android“ телефоните, од друга страна, не се поддржани толку долго, иако „Samsung“ во последно време многу напредува во таа област.

2. „iPhone“ нуди подобра вредност при препродажба

„iPhone“ се дефинитивно попаметна инвестиција за оние кои постојано ги менуваат телефоните затоа што имаат пристојна вредност долго време. Цената на телефоните со „Android“ драстично опаѓа со текот на годините по нивното претставување.

3. „iPhone“ нуди „iMessage“

„TechRadar“ вели дека причината за „iMessage“ оди подалеку од едноставното испраќање пораки, но вели дека е тешко да се каже со сигурност што е тоа.

4. „iPhone“ е попопуларен кај младите

Ова е навистина непобитен факт, а една неодамнешна студија укажа на апсолутната доминација на „iPhone“ меѓу младите луѓе.

5. „iPhone“ има подобар избор на апликации

Не станува збор за бројот на апликации, туку за нивниот квалитет. „TechRadar“ истакнува дека има две причини за ова. Првата е дека програмерите на апликации обично заработуваат повеќе пари преку „iOS“, па затоа имаат приоритет на „App Store“ пред „Play Store“. Втората е дека „App Store“ нуди поголем избор на професионални апликации за креативност итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП