Осум членови на скопски „Макпетрол“ ќе учествуваат на медитеранското карате-првенство што од 19 до 21 мај ќе се одржи во Радес, Тунис. Клубот ќе има свои претставници и во машка и во женска конкуренција.
Каратистите на „Макпетрол“ подолг временски период сериозно се подготвуваат за овој шампионат и се надеваат на добри пласмани. Конкуренцијата на медитеранското првенство е навистина силна бидејќи ќе учествуваат најелитните и најдобро рангирани светски тимови. Сите спортисти на скопскиот клуб ќе настапат првично во поединечна конкуренција во своите тежински категории, а потоа сите ќе бидат дел од екипните тимови на македонската репрезентација, во дисциплината борби.


