6 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИАвстралискиот долар расте по објавата на каматната стапка!

Австралискиот долар расте по објавата на каматната стапка!

euro_and_dollar

Доколку ја проследивте вчерашната анализа за валутниот пар AUD/NZD (австралиски наспроти новозеландски долар) може да забележете дека предлогот за добар влез со налог за купување на AUD/NZD беше во право време и доколку сте купиле по анализата моментално сте во позначителен профит.

Голем придонес за скокот на австралискиот долар спроти сите други валути е и објавата на податоците за зголемената продажба на материјални добра на 0,4% од претходните 0,1% додека аналитичарите предвидуваа раст до 0,3%.

Уште позначителна новост за австралиската економија е непроменетата каматна стапка којасе објави утрово во 6:30 часот по наше време, што значи   смирување и стабилизирање на австралиската валута, а истото и го предвидовме и порано со техничките анализи.

Австралискиот долар скокна во однос на сите валути, AUD/USD се искачи на 0,9400, а нашиот предложен пар за купување AUD/NZD силно го проби првиот отпор на цена 1,2800 при што се најде повисоко на 1,3110.

Доколку цената продолжи да расте при валутниот пар AUD/NZD најверојатно ќе се здобие со нагорен долгорочен тренд. Првиот посериозен отпор е на цена 1,3490, каде би следела корекција , за потоа ако го пробие истиот отпор да достигне до 1,4730.

chart

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП