2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ: Никогаш не сум бил пријател со Федерер и Надал

Ѓоковиќ: Никогаш не сум бил пријател со Федерер и Надал

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во Рим каде ја брани титулата на Мастерсот освоена во 2022 година. Времето кое го минува во италијанската престолнина го искористи за да зборува за весникот „Кориере дела сера“, а неизбежна тема беше односот со преостанатите двајца членови на „големата тројка“, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Со вкупно 64 грен слем титули, Србинот, Шпанецот и Швајцарецот се тројцата најуспешни тенисери во историјата. Ѓоковиќ и Надал имаат по 22, а Федерер 20 грен слем трофеи.

Ѓоковиќ го разјасни односот со Роџер Федерер.

„Никогаш не сме биле пријатели, тоа не е можно меѓу ривалите, но никогаш не сме биле ниту непријатели. Отсекогаш сум го почитувал Федерер, Тој е еден од најголемите на сите времиња, имаше неверојатно влијание, но никогаш не бевме блиски“, изјави Ѓоковиќ за „Кориере дела сера“.

Неизбежна тема секако е и Рафаел Надал.

„Рафа е само една година постар од мене, двајцата сме близнаци во хороскопот, а на почетокот дури два пати излеговме на вечера. Но, дури и со него пријателството е невозможно. Отсекогаш сум го почитувал и многу му се восхитував. Благодарение на Федерер и него станав тоа што сум. Нашите ривалства засекогаш ќе не обединуваат и затоа сум им благодарен. Надал е дел од мојот живот, во последните петнаесет години го гледам повеќе од мајка ми“, објаснува 35. годишнот Ѓоковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП