3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСингапурска група „режирала“ 100 натпревари

Сингапурска група „режирала“ 100 натпревари

kriminal fudbal

Озлогласена група од Сингапур наместила повеќе од 100 фудбалски натпревари ширум светот, пред нејзините лидер да бидат уапсени минатиот месец.

Постои сомневање дека таа група, која ја предводел сингапурскиот бизнисмен Дан Тан, се служела со насилство се со цел да го лажираат резултатот на натпреварите.

Сепак сингапурската група не е одговорна за 680-те сомнителни средби кои претходно оваа година беа ставени под лупа на европските истражители.

Исто така нема докази дека таа група била поврзана со најновиот случај за корупција во австралискиот фудбал.

Како што е наведено, групата од Сингапур имала силни врски со криминалците од другите земји кои им помагале во соработката со илегалното обложување.

Шефот на Интерпол, Роналд Нобле изјави дека мрежата која се занимава со прилагодување на резултатите на натпреварите годишно имаат обрт од милијарди долари.

Европската полициска агенција Еуропол откри во февруари дека се наместени стотина средби ширум светот, а под сомневање се и квалификациски натпревари за Светското првенство, како и натпревари од Лигата на шампионите.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП