Вардар се пласираше во финалето на Купот на Македонија против лутиот ривал Еурофарм Пелистер, откако во второто полуфинале со 31:22 го совладаа скопскиот ривал РК Алкалоид.
По израмнетиот старт на мечот, Вардар направи серија од 6:0 за да поведе со 11:5, предност која до крајот на полувремето остана на +5 (14.9). Вардар ја задржа контролата на мечот и во второто полувреме, и Алкалоид успеа само неколку пати да дојде на дтри гола разлика.

