Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше презадоволен од играта на неговиот тим по доминатната 0:2 победа над Милан во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, предупредувајќи ги своите играчи дека треба да направат само уште еден чекор до остварување на сонот, пласманот во големото финале.
„Многу сум задоволен, првото полувреме беше фантастично и искрено можевме да дадеме повеќе од два гола. Мечот беше одличен, имавме искуство од претходните рунди, но знаеме дека ова е само полувреме. Следниот пат ќе ги имаме нашите навивачи зад нас и ќе го направиме последниот чекор за да се оствари овој сон“, вели Инзаги.

