2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск: Твитер наскоро ќе овозможи повици и шифрирани пораки

Маск: Твитер наскоро ќе овозможи повици и шифрирани пораки

Шефот на Твитер, Илон Маск, денеска најави дека платформата ќе воведе видео и аудио повици, како и шифрирани пораки.

Корисниците на Твитер наскоро ќе можат да остваруваат аудио и видео повици со други луѓе ширум светот кои се на социјалната мрежа без да мораат да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на Твитер.

На овој начин Twitter ќе се усогласи со Facebook и Instagram кои веќе имаат слични опции за повикување, пренесува Reuters.

Маск додаде дека корисниците на Твитер ќе можат да испраќаат шифрирани пораки од утре, но не појасни дали и повиците ќе бидат шифрирани.

Минатата година Маск на јавноста и ги објави своите планови за подобрување на оваа социјална мрежа, која ја нарече „Твитер 2.0. апликација за сите“.

Шефот на Твитер тогаш најави шифрирани пораки, подолги твитови и воведување опции за плаќање преку оваа платформа, потсетува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП