4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси има нов клуб – годишно ќе заработува 363 милиони евра

Меси има нов клуб – годишно ќе заработува 363 милиони евра

Лионел Меси заминува од ПСЖ и европскиот фудбал. Аргентинецот кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Лионел Меси се договорил со клуб од Саудиска Арабија, пренесува агенцијата „Франс прес“. Името на клубот агенецијата не го соопшти, но според други француски медиуми станува збор за Ал Хилал, со кој Меси беше поврзуван во минатото.

АФП се повикува на извори од Саудиска Арабија и наведува дека на крајот на сезоната 35. годишниот Аргентинец ќе потпише договор вреден 363.000.000 евра.

„Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси следната сезона ќе игра во Саудиска Арабија“, потврди за АФП саудиски извор близок до преговорите.

Тој го опиша договорот како “огромен” и потврди дека во Саудиска Арабија ќе се пресели на 30 јуни“.

Меси неодамна ја прекрши клупската дисциплина за да замине во Саудиска Арабија на преговори и не криеше дека замина таму. Сепак, тој не потврди ништо за преговорите, иако се пишуваше дека Арабија е негова резервна опција во случај да му пропадне идејата за враќање во Барселона.

По две години во Париз во кои не успеа да ја донесе Лигата на шампионите во витрините на клубот, по многу расправии и проблеми, свирежи на навивачите, тој ќе го напушти ПСЖ, а „Франс прес“ со сигурност тврди дека ќе оди само во Саудиска Арабија.

Меси досега во својата кариера има освоено десет титули во Премиер лигата, седум Копа дел Реј, четири Лиги на шампиони, три европски Суперкупа и три Светски клупски првенства со Барселона, како и една Лига 1 и еден Суперкуп на Франција со ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП