ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан преговара со Икер Касилјас

Милан преговара со Икер Касилјас

kasiljas

Раководството на Милан се подготвува да го превземе капитенот на Реал Мадрид, Икер Касилјас, пишуваат медиумите во Шпанија.

Двата клуба се во добри односи, откако „белите“ го пуштија без пари Рикардо Кака, сега може го да намамат и Касилјас со договор за 6 месеци. Според медиумите од Пиринејскиот полуостров, луѓето од Милан веќе разговарале со агентот на голманот.

Првичните намери на Касилјас беа да не го напушта својот сакан клуб, но можноста да остане трети избор за Светското во Бразил може да го поттикне да премине во друг клуб.

Интерес за Касилјас пројавија уште Борусија Дортмунд и Арсенал, но сепак останува да се види каков чекор ќе превземе капитенот на „кралевите“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП