
Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Одлично ќе се истакнете во работите кои бараат дополнително залагање и труд.
ЉУБОВ: Емоциите ви се во втор план, но сепак не го запоставувајте партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Осетлив стомак.

Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Морате повеќе да се грижите за своите идеи и вашиот став. Нека не ве разочаруваат ситници.
ЉУБОВ: Доколку ја покажете својата конзервативна страна, постои шанса партнерот да се откаже од вас.
ЗДРАВЈЕ: Премногу нервоза и стрес.

Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Соработниците ве сакаат. Искористете го тоа за остварување на добри деловни резултати.
ЉУБОВ: Инфериорноста во однос на партнерот не е добра основа за долга врска.
ЗДРАВЈЕ: Напнати сте и ненаспиени.

Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Вашата финансиска ситуација ќе се поправи со помош на лице родено во знакот на Вага.
ЉУБОВ: Бидете отворени и признајте му на блиското лице дали го сакате или не. Не си поигрувајте со туѓите емоции.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Една Вага може да ви помогне да ги завршите тешките деловни задачи. Побарајте ја.
ЉУБОВ: Вашите сетила се будат. Можно е да запознаете неверојатно лице со кое ќе започнете страствена врска.
ЗДРАВЈЕ: Здравствената состојба е добра.

Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Ве очекуваат интересни соработки со лица родени во знакот на Близнаци. Конечно од приказни ќе преминете на дела.
ЉУБОВ: Партнерот го сака тоа што сте мистериозни и поинакви од другите. Уживајте во вашата посебност.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на белите дробови.

Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Слушајте ги соработниците, тие ви посакуваат добри нешта, особено доколку се и ваши партнери.
ЉУБОВ: Партнерот ви обезбедува сигурност и тоа е доволно за среќа. Можеби е малку подалеку од вас, но сепак љубовната ситуација ви е одлична.
ЗДРАВЈЕ: Беспотребно се грижите за психичкото здравје.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Одлично заработувате. Не сакате никој друг да биде во вашиот тим, бидејќи се сакате да одработите сами, а тоа може да ви наштети.
ЉУБОВ: Осетливи сте, и не сте подготвени за промени на емотивен план.
ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со храната и пијалоците.

Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Одлично заработувате. Не сакате никој друг да биде во вашиот тим, бидејќи се сакате да одработите сами, а тоа може да ви наштети.
ЉУБОВ: Осетливи сте, и не сте подготвени за промени на емотивен план.
ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со храната и пијалоците.

Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Размислувате за истражувачка работа. Тука можеби се крие заработката, не се обесхрабрувајте.
ЉУБОВ: Парнерот ви подготвува слатко изненадување. Можно е тоа да биде патување.
ЗДРАВЈЕ: Уморни сте и исцрпени. Намалете со прекувремената работа.

Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Ќе имате одличен деловен однос со лицата родени во знакот на Овен.
ЉУБОВ: Вашето семејство ве исполнува и ве прави среќни.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Доколку добро се организирате со соработниците, сигурно нема да имате проблеми на работното место.
ЉУБОВ: Имате неверојатна енергија. Зошто да не ја искористите за да го зачините љубовниот живот.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со варењето.