20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ferrari“ има доволно нарачки да ги задржи работниците вработени до 2025-та

„Ferrari“ има доволно нарачки да ги задржи работниците вработени до 2025-та

Цените на новите автомобили растат, но тоа не влијае на побарувачката, бидејќи „Ferrari“ со задоволство известува дека неговите книги за нарачки се доволно полни за да ги задржат работниците зафатени до 2025-та година.

Бројките треба да бидат уште поголеми сега кога „Purosangue“ се враќа на продажба. Имено, првиот теренец на „Ferrari“ извесно време беше недостапен за нарачка, поради неочекувано големиот интерес на клиентите чии желби производителот од Маранело не можеше толку брзо да ги исполни.

Резултатите за првиот квартал од 2023-та година покажуваат дека, како што беше случај во последните години, испораките на автомобили се зголемија помеѓу јануари и март. Во првите три месеци од 2023-та година, „Ferrari“ испорача 3.567 автомобили, или 9,7 отсто повеќе отколку во истиот период од 2022-ра година.

Откако го додаде „Purosangue“ во растечкото портфолио, „Ferrari“ го лансираше и „Romа Spider“ за да ја пополни празнината што ја остави со прекинот на моделот „Portofino M“.

Згора на тоа, пред крајот на годината ќе бидат претставени три нови модели, па „Ferrari“ е на пат да го собори минатогодишниот рекорд на продажба од 13.221 испорачан автомобил за 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП