Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се оддржа извлекување на полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Трофејот во Купот го брани Вардар 1961. Во полуфиналето, црвено-црните, ќе се сретнат со хитот на сезоната, Алкалоид. Екипата која ја предводи македонскиот селектор, Кирил Лазаров, пред два месеци го порази Вардар 1961 во Супер лигата.

