3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтрумичанката Кристина Николова ги закити витрините со 11 медали

Струмичанката Кристина Николова ги закити витрините со 11 медали

За Кристина Николова од Македонија сонот стана јаве. Со многу труд, работа, посветеност и дисциплина последниве две години освои вкупно 11 медали. Со првото злато се закити на натпреварот европскиот шампионат за IBFF EVROPSKI CHAMPION BODYFITNES.

2022год го освои 2то злато како државен првак на Македонија IFBB.

Популарната Кристина вели дека како најголема желба е да учествува и да го потврдува својот успех со медал на престижниот европски Herkules куп.

Кристина има освоено дополнителни бронзени и сребрени медали во други натпревари. Таа вели дека дисциплината, упорноста и мотивот се главни двигатели на успехот и дополнително ни опиша колку е горда на своите успеси и вели – Пресреќна сум. Не постојат зборови со кои можам да ги опишам чувствата. Не можев да ги допрам солзите радосници додека четири пати се искачував на пиедесталот и ја слушав македонската химна.

Кристина ни открива дополнително дека за успех потребни се и откажување од некои задоволства. Имам секојдневни напорни тренинзи и долготрајни исцрпувачки диети. Се откажав од богати софри со калорична храна. Се будам рано и си легнувам рано. Тоа е мојот рецепт за посакуваната форма.

Кристина покрај работата како тренер во “Пулсфит” Струмица работи како сертифициран сметководителл во DOJEN FIN KONSALTING и е дипломиран економист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП