1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров: Победивме и одиме на ЕП 2024, а сега знам кого да...

Лазаров: Победивме и одиме на ЕП 2024, а сега знам кого да повикам во репрезентацијата

Машката ракометна репрезентација на Македонија со триумф (30:27) над Турција го завери настапот на Европското првенство во Германија следната година. Селекторот Кире Лазаров е задоволен од победата, но потенцира дека многу работи мора да се менуваат во иднина, а сега му е јасно кој во иднина (не) треба биде повикан во репрезентацијата.

„Победивме, но многу потешко од очекувањата. Во овој тим на Турција имаше двајца поквалитетни ракометари за разлика од првиот меч. Сепак, одлика на големите екипи е да се вратат после минус четири и да победат. Но, мислам дека овој натпревар ми ги отвори очите. Некои работи нема да се толерираат, ќе мора да се менуваме многу во иднина, а јас ќе знам кого да повикам, или не, во репрезентацијата“, изјави селекторот Кире Лазаров по триумфот над Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП