18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКрај за „Windows 10“

Крај за „Windows 10“

Тековната верзија на „Windows 10“ ќе биде последна, а конечната поддршка за оперативниот систем завршува во 2025-та година.

„Microsoft“ заврши со големи и важни ажурирања за „Windows 10“, а тоа го објави компанијата претходните денови на својот блог.

„Windows 10“ верзијата „22H2“ е тековната и финалната верзија на оперативниот систем.

Сепак, „Microsoft“ истакна дека ќе продолжи да објавува месечни безбедносни ажурирања за сите изданија на „Windows 10“, до крајниот датум за поддршката на 14-ти октомври 2025-та година.

Што значи ова за корисниците?

Бидејќи нема да има повеќе нови функции на „Windows 10“, „Microsoft“ им препорачува на корисниците да се префрлат на „Windows 11“.

„Windows 10“ сè уште ќе може да се користи по завршувањето на поддршката, но корисниците нема да можат да сметаат на безбедносни надградби, така што компјутерите што работат со „Windows 10“ ќе станат поранливи на различни безбедносни ризици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП