10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Sony“ подготвува нов водечки телефон, знаеме кога доаѓа

„Sony“ подготвува нов водечки телефон, знаеме кога доаѓа

Минатата година во мај, „Sony“ го претстави водечкиот телефон „Sony Xperia 1 IV“. Компанијата најави дека ќе го претстави неговиот наследник на истиот датум во 2023-та година.

Јапонскиот технолошки гигант објави трејлер со кој го најавува својот следен водечки телефон. „Sony Xperia 1 V“ ќе биде претставен во четврток, 11.05.2023. во 13:00 часот по јапонско време. На истиот датум во 2022-ра година, беше претставен водечкиот телефон „Sony Xperia 1 IV“.

Видеото не открива никакви детали за телефонот, само дека „доаѓа следниот „ONE“ за вашата креативност“.

Телефонот наводно ќе пристигне со редизајниран модул за камера на задната страна. „Zeiss“ ќе ги оптимизира камерите за овој телефон, а се очекува „Xperia 1 V“ да пристигне со нов главен и ултра широк сензор. Така, се шпекулира дека сензорот за главната камера ќе биде сензорот од еден инчен IMX989 на „Sony“. Сензорот за перископ ќе има променлив зум.

Во однос на просторот за складирање, се очекува „Sony“ да продолжи со опциите од 256 GB и 512 GB. Телефонот треба да биде опремен со 12 GB RAM, а можно е оваа година јапонската компанија да испорача телефон со 16 GB RAM и 1 TB простор за складирање податоци.

Она што е сигурно е дека „Xperia 1 V“ ќе се напојува со процесорот Snapdragon 8 Gen 2 на Qualcomm.

Кога станува збор за екранот, овој телефон се очекува да го задржи 4K дисплејот како неговиот претходник со стапка на освежување од 120Hz, но не и со LTPO технологијата.

Телефонот треба да се испорачува со батерија од 5000 mAh со поддршка за полнење од 30 W.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП