4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИсториски обид за слетување на Месечината: По три држави, сега ќе се...

Историски обид за слетување на Месечината: По три држави, сега ќе се обиде приватна компанија

Јапонската компанија iSpace ќе се обиде она што ниту една друга приватна компанија досега не го направила – да слета на Месечината.

Компанија од Токио постави сопствено летало во орбитата околу Месечината пред околу еден месец. Тоа беше првиот чекор. Вториот чекор ќе биде направен денеска, кога контролорите на летот ќе го насочат леталото, наречено Хакуто, по јапонскиот бел зајак, да се спушти од височина од 60 милји (100 километри) и да слета на површината на Месечината.

Леталото, долго нешто повеќе од два метри, носи мини лунарен ровер за Обединетите Арапски Емирати и јапонски робот кој личи на играчка, дизајниран да се тркала по прашината од Месечината.

Хакуто, по полетувањето во декември, тргна на долг, кружен пат до Месечината, испраќајќи фотографии од Земјата.

Само три влади успешно слетаа на Месечината: Русија, САД и Кина. Израелска непрофитна организација се обиде да слета на Месечината во 2019 година, но нејзиното вселенско летало беше уништено при удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП