1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоти дојде во Реал Мадрид и се сликаше со Модриќ: Играчиште и...

Тоти дојде во Реал Мадрид и се сликаше со Модриќ: Играчиште и голем човек

Франческо Тоти и Реал имаат посебен однос. Флорентино Перез неколку пати изјави дека Тоти е единствениот играч кој навистина сакал да го доведе во Реал и не успеал. Сепак, симболот на Рома не крие дека го обожува Реал.

Тој викендов му гостува на клубот на покана на Карло Анчелоти. Денеска беше во клупскиот камп на Валдебебас, а вчера го гледаше Реал Мадрид против Селта во Ла Лига. Тој откри дека тоа било посебно искуство за него.

„Ова беше првпат да го гледам Реал од трибините, дури и на Бернабеу. Величенствено!”

Иако Реал објави фотографии од Тоти со голем број играчи, италијанскиот гигант на светскиот фудбал за клупскиот сајт зборуваше само за двајца „реаловци“.

„Анчелоти е фантастичен човек, зрачи со голема позитивност. Ми дозволи да дојдам во Реал и да погледнам зад кулисите. Рома е клубот на мојот живот, но Реал е веднаш по него. Клуб на кој секогаш му се восхитувам и навивам“.

Потоа следеше ода на Тоти за Модриќ.

„Имаме посебен однос. Многу се восхитуваме еден на друг. Имав задоволство лично да се запознаам со него и се уверив дека тој не е само голем играч, но и прекрасна личност, искрен и природен“, изјави Франческо Тоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП