Прехрамбените адитиви се супстанции кои се додаваат на индустриски произведената храна за да и дадат подобар вкус, мирис, боја или некоја друга карактеристика. Сепак, повеќето од овие адитиви не се добри за нашето здравје, па производите што ги содржат сепак треба да се избегнуваат.
При додавање на адитиви во индустриски произведената храна, особините на храната значително се менуваат. Во зависност од функцијата што ја вршат, адитивите во храната можат да се најдат во 22 групи. При купувањето на храна посебно внимание треба да се посвети на адитиви како што се глутамат и аспартам. Тие се особено опасни по здравјето на децата, па на родителите им се советува да не купуваат индустриски произведена храна за деца до 2 години – истакнува нутриционистот.

