4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМаск: Тесла ќе продолжи да ги намалува цените на електричните возила

Маск: Тесла ќе продолжи да ги намалува цените на електричните возила

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека компанијата ќе продолжи да ги намалува цените на своите електрични возила за да ја стимулира побарувачката.

Маск тврди дека Тесла може финансиски да издржи намалување на цените на своите производи, по цена на намалување на оперативниот профит и со тоа да стекне предност пред конкуренцијата, пренесува Bloomberg.

Цените на автомобилите на Тесла се во значителен пад. Основната цена за Tesla Model 3 падна под 36.471 евро за прв пат по неколку години, што значи дека од почетокот на годината цената на ова возило е намалена за околу 6.381 евро.

Ова намалување се одрази и на оперативната добивка на Тесла во првиот квартал од оваа година, која изнесува 11,4 отсто, што е за 4,6 отсто помалку во однос на претходниот квартал. Оперативната добивка на Tesla во првиот квартал од претходната година изнесуваше 19,2 отсто, потсетува Bloomberg.

И покрај овој пад, Тесла може да се пофали со поголем оперативен профит од повеќето производители на автомобили. Во 2022 година, Џенерал Моторс забележа оперативен профит од 6,6 отсто, а компанијата Форд само четири отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП