24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ богатите плачат: Еве колку долго се чека за ново „Ferrari“!

И богатите плачат: Еве колку долго се чека за ново „Ferrari“!

Бројни производители на луксузни автомобили рушат рекорди во продажба, а меѓу нив е и „Ferrari“.

Како што открива првиот човек на компанијата, побарувачката е над сите очекувања. Ова особено важи за новите „296 GTB“ и „Purosangue“, за кои побарувачката е најголема и италијанската компанија има „рекордни нарачки до 2024-та година“.

„Ferrari“ претходно објави дека интересот за новиот модел „Purosanguе“ е толку голем што лесно може да го надмине планираното годишно производство од 3.000 примероци.

Всушност, „Ferrari“ одлучи дека „Purosangue“ не треба да има удел во продажбата во опсег од повеќе од 20 проценти. Шефот за маркетинг, Енрико Галиера, претходно призна дека нарачките за моделот буквално експлодираа откако беше официјално потврдено дека ќе се придвижува од атмосферски 6,5-литарски V12 мотор.

Да додадеме и дека „Ferrari“ до 2026-та година ќе лансира 15 нови модели, а првиот електричен модел би требало да ја има својата премиера во 2025-та година. Во исто време, „Ferrari“ силно ги поддржува напорите за одржување на производството на модели со мотори со внатрешно согорување по 2035-та година, барем кога станува збор за оние што работат на синтетички горива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП