17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРејна не се враќа на Енфилд

Рејна не се враќа на Енфилд

Italy Soccer Serie A

Пепе Рејна призна дека повеќе не се гледа себеси на Енфилд. Мињолет е изборот на Роџерс, а тој жали поради начинот на кој Ливерпул практично го избрка од клубот.

Шпанецот помина осум сезони во Ливерпул, а дресот на „црвените“ го носеше на скоро 400 натпревари. Тој ова лето беше позајмен на Наполи, а на негово место беше доведен младиот Белгиец Мињолет од Сандерленд.

„Во овој момент тешко можам да се замислам себеси повторно во Ливерпул. Имаат млад голман во кој менаџерот има доверба. Постои причина поради која сум тука, а тој ќе биде во клубот и наредната сезона. Па така мислам дека нема да се вратам во Ливерпул“, искрен е Рејна.

„Ова беше добар трансфер за мене и не жалам. Посакував на друг начин да се збогувам со клубот, а тоа што се случи беше шок за мене. Бев на одмор, а мојот клуб го направи првиот чекор и никој ништо ми немаше кажано. Бев изненаден кога ми се јавија од Наполи и ми рекоа дека се договориле со Ливерпул. Додека пак од мојот клуб ми се јавија два дена подоцна и ми го кажаа истото. Најверојатно имале свои причини за тоа“, објаснува Шпанецот кој смета дека не заслужил таков однос од „поранешниот“ клуб.

Рејна е стандарден во Наполи кај својот стар менаџер Бенитез, кој во него има целосна доверба, па се очекува тој да остане во клубот и по истекувањето на позајмицата. Нормално, доколку не го повика Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП