Министерството за образование и наука информира дека во соработка со пратениците во Собранието се работи на унапредување на законското решение за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира, меѓу другото, и зголемување на дневниот паричен надоместок.
Предлог-измените на законот за новото системско решение се во собраниска процедура и по нивно усвојување, исплатата ќе продолжи редовно, а студентите што го остваруваат ова право на своите трансакциски сметки ќе го добиваат зголемениот износ.

