29 март, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 17.04.2023 до 24.04.2023

Неделен хороскоп 17.04.2023 до 24.04.2023

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Ве очекуваат огромни промени или случувања на деловното поле оваа недела, бидете трпеливи.

ЉУБОВ: На љубовното поле ќе навлезете во некои нови искуства со лице кое веќе го познавате.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Амбициозни сте и сакате да се докажете но ќе имате мали недоразбирања со надредените.

ЉУБОВ: Слободните може да очекуваат многу интересни случувања и почеток на сериозна врска.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грбот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Правите еден чекор напред, но два назад кога станува збор за работата. Најдобро е малку да одморите.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ќе ви биде многу интересна, оваа недела ќе си поминете убаво.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со хроничните болести.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Ќе бидете задоволни бидејќи финансиите од ден во ден ќе ви бидат се подобри.

ЉУБОВ: На љубовното поле ве очекува едно интересно и страствено познанство со лице родено во знакот на Лав.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со циркулацијата.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Ќе немате баш најповолна комуникаија со деловниот партнер, ниту со надредените, тоа во голема мерка ќе ви предизвика проблеми на работа.

ЉУБОВ: Во љубовта пред вас се интересни настани, ќе уживате во романтичните моменти.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со уринарниот тракт.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Ќе остварите одлични резултати на деловен план и ќе бидете задоволни со себе.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација е добра, ќе се чувствате сакани покрај партнерот и нема да имате потреба било што да менувате.

ЗДРАВЈЕ: Можен е пад на имунитетот.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Можете да очекувате дека ќе имате краток одмор од работата оваа недела.

ЉУБОВ: Ве очекуваат интересни случувања со некоја позитивна и енергична личност.

ЗДРАВЈЕ: Можна е зголемена осетливост на очите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа оваа недела нема да биде најповолна за важни одлуки.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можете да очекувате помал притисок од страна на партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со желудечни киселини.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Доколку некои нешта ги забрзувате наместо да ги сработите темелно, оваа недела нема да ви биде баш најсјајна.

ЉУБОВ: Слободните ќе имаат продолжение на љубовните авантури, оние во брак или врска ќе имаат стабилна недела.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со главоболка.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Ве очекува подобрување на финансиите, па ќе бидете задоволни со деловната ситуација.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува некое двоумење, можно е да не сте сосема сигурни во некои одлуки.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со стомакот поради прејадување.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Имате многу енергија и големи очекувања, па поведете сметка да не претерате во некои нешта.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, ве очекуваат убави моменти со лицето кое го сакате.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со мигрена.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Нема да бидете претерано заинтересирани за деловните активности, па можно е постојано да ги избегнувате обврските.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ви е комплицирана бидејќи донесувате одлуки надвор од разумот.

ЗДРАВЈЕ: Ќе имате проблем со несоница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП