19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Asus“ има нови телефони со фокус на мобилните игри (ВИДЕО)

„Asus“ има нови телефони со фокус на мобилните игри (ВИДЕО)

Компанијата „Asus“ ги претстави своите најнови паметни телефони, кои се фокусираат на игри.

Беа претставени „ROG Phone 7“ и „Phone 7 Ultimate“, кои се напојуваат со моменталниот најдобар процесор на Qualcomm – Snapdragon 8 Gen 2.

Со цел да се извлечат најдобри можни перформанси од процесорот, телефоните имаат и GameCool 7 систем за ладење, кој е надграден со комора за пареа која ја отфрла топлината за 168 проценти поефикасно од моделот „ROG Phone 6“.

„ROG Phone 7 Ultimate“ користи и активен вентилатор за ладење, наречен AeroActive Cooler 7. Вентилаторот овозможува проток на ладен воздух преку ребрата за ладење на комората за пареа, кога се активира мал отвор (AeroActive Portal) за проток на воздух.

Кога станува збор за останатите карактеристики, „ROG Phone 7“ и „Phone 7“ Ultimate имаат 6,78-инчни екрани од типот OLED. Тие се украсени со максимална осветленост од 1500 nits и стапка на освежување од 165Hz.

Телефоните се напојуваат од батерија од 6.000 mAh со поддршка за брзо полнење од 65 W. На задната страна на уредот има три сензори за камера: 50MP главен, 13MP ултра-широк и 5MP макро.

„ROG Phone 7 Ultimate“ има приспособлив екран на задната страна, како што видовме на претходните телефони на „Asus ROG“.

Првите модели кои се појавија на пазарот го вклучуваат црниот „ROG Phone 7“ (се очекува во продавниците во мај), а белиот пристигнува малку подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП