9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВештачка интелигенција стана презентер на вести

Вештачка интелигенција стана презентер на вести

Сајтот „Kuwait News“ ја претстави Феда – презентер на вести генериран од вештачка интелигенција. Претставниците на овој кувајтски медиум ветуваат дека во иднина нивниот водител ќе може да чита вести на социјалните мрежи.

Кувајтскиот медиум Kuwait News (kuwaitnews.com) воведе виртуелен водител на вести создаден со употреба на вештачка интелигенција, со планови за читање вести објавени на страницата.

„Феда“ во саботата на Твитер профилот на веб-страницата Kuwait News се појави како жена со откриена коса во црна јакна и бела маичка.

„Јас сум Феда, првата водителка во Кувајт која работи со вештачка интелигенција во Kuwait News. Какви вести претпочитате? Ајде да го слушнеме вашето мислење“, рече таа на арапски.

Веб-страницата е поврзана со Kuwait Times, основана во 1961 година како прв дневен весник на англиски јазик во регионот на Персискиот залив.

Абдула Бофтен, заменик-главен уредник за двата медиума, рече дека тоа е тест за потенцијалот на вештачката интелигенција да понуди „нова и иновативна содржина“.

Во иднина, вели тој, Феда би можела да усвои кувајтски акцент и да чита вести на Твитер профилот на страницата, кој има 1,2 милиони следбеници.

„Феда е популарно, старо кувајтско име што се однесува на среброто… Ние секогаш ги замислуваме роботите како сребрени и метални, па ги споивме тие две работи“, објасни Бофтен.

Русата коса и светлите очи на водителката ја рефлектираат различноста на домородното население и имигрантите во земјата богата со нафта, рече Бофтен, додавајќи накратко: „Феда претставува сè“.

Првиот видео клип во траење од 13 секунди предизвика поплава од реакции на социјалните мрежи, а секако коментираа и новинари.

Метеорскиот пораст на вештачката интелигенција на глобално ниво доведе до зголемени надежи дека тоа ќе им користи на луѓето, особено во областите како што е здравствената заштита. Од друга страна, расте стравот од вештачка интелигенција и потенцијал за ширење дезинформации, како и губење на работни места и уметнички интегритет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП