24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung вложува 1,7 милијарди долари во Кина

Samsung вложува 1,7 милијарди долари во Кина

samsung

Компанијата „Samsung Electronics“ планира да инвестира 1,7 милијарди долари во проширување на погоните за производство, во кинескиот град Куншан.

Куншан е брзо растечки производен центар, кој моментално снабдува повеќе од 250 добавувачи.

Моментално „Samsung“ гради погон за производство на чипови, вреден седум милијарди долари, кој се наоѓа во северозападниот град Ксиану. Нов пакет инвестиции ќе биде посветен на работилници, опрема и изградба  на истражувачки институт.

Компанијата новите погони ќе ги користи како подршка за проектите за производство на чипови, и со нив генерално ќе раководат представници на филијали.

Со цел да се задржи местото на врвот во технолошката индустрија, „Samsung“ вложува средства во бројни проекти.

Компанијата добила зелено светло да инвестира 3,9 милијарди долари во погон за производство на чипови во Тексас, каде во подигање на оваа фабрика се вложени 13 милијарди долари.

Според податоците на Гартнер, компанијата неодамна го надмина „Apple“ и стана најголем светски купувач на полупроводници, вклучувајќи  чипови, меморија и процесори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП