5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија загуби од Украина во првиот меч од баражот за СП

Македонија загуби од Украина во првиот меч од баражот за СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да стекне предност во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Данска, Норвешка и Шведска. Вечерва во Скопје, Македонија загуби од Украина 22:24 (8:14).

Македонија одигра лошо во првото полувреме и во последните 10 минути од вториот дел. Анемичната и неорганизирана игра во првиот дел им овозможи на Украинките да отворат со 0:3, потоа имаа 2:7, 3:9 и 5:13. На полувреме Украинките имаа предност од шест гола (8:14).

Избраничките на Љубомир Савевски го поправија во вториот дел. За само 13 минути игра во вториот дел Македонија ја стигна предноста на Украина (16:16). Потоа за само 150 секунди Украинките постигнаа три гола (16:19).

До крајот Украинките ја задржаа предноста, најмногу поради неколкуте грешки во нападот кои ги направија македонските репрезентативки и поради двата промашени седмерци во последните осум минути.Сара Ристовска со осум гола ја предводеше Македонија, кај Украина со шест гола најефикасна беше Левченко.

Реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот ќе се одигра на 11 април во Кишварда, Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП