2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Nokia“ се враќа меѓу премиум телефоните (ВИДЕО)

„Nokia“ се враќа меѓу премиум телефоните (ВИДЕО)

„Nokia“ планира помпезно да се врати на пазарот на премиум телефони, со моделот „Magic Max“, кој го красат врвни спецификации и ниска цена.

„Magic Max“ беше достапен на неколку среќници за време на саемот MWC 2023 во Барселона, а сега се појавија рендери (неофицијални) кои покажуваат како би можел да изгледа телефонот.

Телефонот има рамни рабови и наликува на моделите на „Apple“, ќе го има новиот кориснички интерфејс „Nokia Pure“, базиран на „Android 13“.

Што се однесува до хардверот, ќе се напојува со тековниот чипсет Snapdragon 8 Gen 2, поврзан со 8GB, 12GB или 16GB RAM и 256GB или 512GB UFS 4.0 меморија.

Дисплејот ќе има големина од 6,7 инчи, ќе биде од типот AMOLED, со резолуција од 2400 x 1080 пиксели и поддршка за брзина на освежување на екранот од 120 Hz.

Кога станува збор за камерите, очекувајте главен сензор од 200 MP, сензор со ултра широк агол од 16 MP, макро од 5 MP, како и селфи камера од 64 MP во отворот.

„Nokia Magic Max би требало да има и голема батерија, со капацитет од 7500mAh, со поддршка за екстремно брзо систем за полнење.

Според извори, „Nokia“ планира да го цени телефонот „Magic Max“ по 400 долари (некои извори споменуваат 370 евра). Останува да видиме дали навистина ќе биде така, со оглед на тоа што цената е неколку пати пониска од другите водечки телефони на пазарот.

Засега ова се неофицијални информации, а се предлага „Nokia Magic Max“ да биде лансиран во август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП