20 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвие 12 занимања ќе бидат најмногу погодени од напредокот на вештачката интелигенција

Овие 12 занимања ќе бидат најмногу погодени од напредокот на вештачката интелигенција

Во последните неколку месеци, а особено од појавата на ChatGPT, се повеќе се дискутира за опсегот на чет-ботови и за можностите на вештачката интелигенција. Четботовите се користат со години во одредени професии, на пример, во службите за корисници.

Како што се развива технологијата, чет-ботовите стануваат поинтелигентни и можат да извршуваат сè покомплексни задачи. Затоа, се повеќе се дискутира за тоа дека тие би можеле да заменат луѓе на некои работни места.

Иако неколку неодамнешни студии покажаа дека вештачката интелигенција ќе има најголемо влијание на подобро платените работни места кои бараат високо образование, вистината е дека работните места во многу индустрии се загрозени.

Во студија на Универзитетот во Пенсилванија, меѓу другото, се наведува дека за околу 80% од американската работна сила, вештачката интелигенција би можела да влијае на најмалку 10% од работните задачи.

Според Командо, студијата користела „изложеност“ на вештачка интелигенција како мерка. Во овој случај, се смета дека работното место е изложено на оваа технологија ако вештачката интелигенција може да го намали времето за извршување на таа работа за најмалку 50%.

Ова се работните места со највисоко ниво на изложеност:

  1. математичари;
  2. даночници;
  3. писатели и автори на текстови;
  4. веб дизајнери и дизајнери на дигитални интерфејси;
  5. анкетни истражувачи;
  6. толкувачи и преведувачи:
  7. експерти за односи со јавноста;
  8. поети, текстописци и креативни писатели;
  9. лектори;
  10. сметководители и ревизори;
  11. новински аналитичари, известувачи и новинари;
  12. правни секретари и административни помошници.

И додека работниците во угостителството, фризерите, адвокатите, фармацевтите и електричарите моментално се на дното на листата на изложеност на вештачка интелигенција, тоа не значи дека секогаш ќе биде така.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП