2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул во трка за Пасторе

Ливерпул во трка за Пасторе

pastore

Хавиер Пасторе пред две години за 37 милиони фунти од Палермо пристигна во Париз, а јануари би можел да биде неговиот последен месец од неговиот престој во француската престолнина.

Аргентинецот најверојатно ќе се најде на пазарот. Тој не е задоволен од неговиот статус во ПСЖ и даде јасно до знаење во своите изјави дека со задоволство би го напуштил тимот и би заминал во друг клуб.

Според последните информации Ливерпул е новото име на листата на заинтересирани. Како што е веќе познато неколку клубови од Сериа А се првата опција на Аргентинецот, а се претпоставува дека во игра се и Челзи и Манчестер Јунајтед.

Се разбира Ливерпул би морал да биде во трката за Лигата на шампионите во овој момент, за да биде сериозен кандидат, а прашање е дали ќе бидат во можност да ги исплатат парите кои би ги побарале „светците“.

Се претпоставува дека ПСЖ нема да го продаде Аргентинецот за помалку од 30 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП