4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија 65. на ФИФА-листата

Македонија 65. на ФИФА-листата

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65.место на ФИФА листата. Светската куќа на фудбалот, во четвртокот, го објави најновото рангирање на фудбалските репрезентации.

Македонија во изминатиот период забележа две победи, против Малта во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 и против Фарските острови во пријателски натпревар.

Македонија е четврта според рејтингот во квалификациската група за пласман на ЕП. Послаб рејтинг има само Малта (172 место), пред Македонија се Англија (5 место), Италија (8 место) и Украина (30 место).

На врвот на ФИФА листата е Аргентина, пред Франција и Бразил. Франција и Бразил ги заменија местата пто преставува единствена промена во топ 10.

Зад Аргетнина, Франција и Бразил се Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП