27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЦрвен круг со пречник од 360 километри блесна како НЛО над Јадранот

Црвен круг со пречник од 360 километри блесна како НЛО над Јадранот

Над централниот дел на Италија и Јадранот, ноќта на 27 март можеше да се забележи прстен од црвено светло што личеше на сцена од научно-фантастичен филм. Иако според сведоците овој феномен траел кратко, фотографот Валтер Биното успеал да направи фотографии, кои станале вирални и започнале еден куп теории.

Сепак, научниците набрзо се јавија и објаснија за што се работи. Феноменот е познат и како – емисија на светлина и многу ниска фреквентна пертурбација поради извори на електро-магнетни импулси или скратено ELVE.

Дијаметарот на кругот во овој случај бил 360 километри, а претставува еден вид на пертурбација создадена во стратосферата или мезосферата поради интензивната електрификација на грмотевиците. Со други зборови, кога електромагнетни пулсирања на молња ќе ја погодат јоносферата на нашата планета во нејзините горни делови, се појавува црвено светло.

За прв пат се снимени во 1990 година, а причината за тоа лежи во тоа што најчесто се видливи само од вселената. Експертите тврдат дека неколку од нив биле снимени со леќите на камерата на НАСА, но дека оваа последната претставува најдобрата слика од Земјата, објави „National geographic“. А сето тоа благодарение на моќната бура која ја зафати Анкона и произведе моќни електрошокови бранови, пренесува Спутник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП