Ракометната федерација на Македонија одреди премија во износ од 2,5 милиони денари (околу 40.000 евра) за женската ракометна репрезентација во пресрет на баражот со Украина за пласман на Светското првенство во 2023 година. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во нареднуте десетина ги очекува бараж – двомечот против Украина, а првиот дуел е во Скопје на 8. април.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, предложи, а Управниот одбор ја изгласа одлуката за премијата.

