Зинедин Зидан ќе се врати на тренерската работа следната сезона. Информацијата ја објави „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на блиски луѓе на Зидан на кои Французинот им открил дека се враќа.
„Има два клуба кои се опции за Зидан. Колку и да е изненадувачки, едниот е Реал Мадрид. Зидан има одлични односи со претседателот Флорентино Перез. Другиот е ПСЖ, клуб со кој преговараше минатото лето”, пишува „Мундо Депортиво“.

