17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГерманија би можела да го забрани ChatGPT

Германија би можела да го забрани ChatGPT

Германија би можела да го следи примерот на Италија и да го блокира ChatGPT поради безбедносни грижи, изјави германскиот комесар за заштита на податоци Урлих Келбер за весникот Habdelsblatt.

Италијанските регулатори издадоа извршна забрана за четботот ChatGPT пред неколку дена, но исто така започнаа истрага за потенцијално прекршување на законите за приватност на податоците.

Слично може да се случи и во Германија“, вели Келбер, но не кажа дали во моментов има планови за тоа.

Келбер истакна дека Германија побарала од Италија дополнителни информации поврзани со забраната. Регулаторните тела на Франција и Ирска, исто така, контактирале со нивните италијански колеги.

„Ги следиме потезите на италијанскиот регулатор за да ги разбереме причините за нивните постапки и ќе ја координираме нашата работа со сите европски органи за заштита на податоците во врска со ова“, рече портпаролот на ирскиот комесар за заштита на податоците.

Од друга страна, за разлика од нив, шведскиот регулатор соопшти дека не планира да го забрани ChatGPT, ниту е во контакт со италијанските власти. Компанијата „OpenAI“ во петокот објави дека активно работи на намалување на количината на лични податоци што ги користи при „тренингот“ на своите системи за вештачка интелигенција.

Покрената е истрага од страна на италијанското тело за заштита на приватноста за протекувањето, кое ги разоткри разговорите на корисниците на ChatGPT и нивните финансиски информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП