25 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНе дај боже да се замерите! Овие 3 знаци се осветољубиви, а...

Не дај боже да се замерите! Овие 3 знаци се осветољубиви, а не бираат средства за одмазда

Додека просветлените меѓу нас избираат да простуваат и забораваат, останатите го избираат патот на одмаздата. Од повремени ситничари до долготрајна одмазда, три знаци се посклои од другите да држат лутина, да ги однесат поплаките до гроб и да се израмнат со вас, по секоја цена. Одмаздата најдобро се служи ладна, особено ако ги прашате следниве хороскопски знаци.

БИК

Бидејќи Бикот е управуван од Венера, планетата која владее со материјалното и физичкото, овој знак е повеќе склон од другите да бара одмазда преку богатство и многу добро изгледа кога го прави тоа. Бикот е подготвен да чека „до гроб“ за одмазда. Нивната тврдоглавост трае бесконечно и никогаш не забораваат дали сте им замериле, без разлика колку одамна било тоа. Иако генерално се лесни, кога темен превез на бес ќе им падне над очите, подобро тргнете им се од патот.

ШКОРПИЈА

Ниту во пеколот не се видел гневот што може да се најде кај Шкорпијата која се лути. Луѓето родени во знакот на Шкорпија осеќаат длабоко, сакаат длабоко и возвраќаат со страшна немилосрдност доколку им се замерите. Овој фиксен воден знак не заборава ништо, а камоли да простува, чекајќи го вистинскиот момент за удар. Не бираат зборови во расправија, па се способни да ве погодат „ниско“.

ЈАРЕЦ

Од овие три знаци, Јарецот е најсклон кон ладна одмазда. Јарецот се потпира на стратегијата на сиромаштија и не удира под појасот, туку директно во паричникот. Јарецот може да ве „осакати“ онаму каде што сте најслаби, а вашите маани многу студиозно ги анализираат, па додека блескаат со големо задоволство ќе ве потсетуваат на нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП