18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТакси без возач: Пекинг му издаде лиценци на кинескиот гигант Baidu за...

Такси без возач: Пекинг му издаде лиценци на кинескиот гигант Baidu за роботакси

Такси без возач сега се достапни за изнајмување во предградијата на Пекинг, означувајќи ново поглавје во интелигентниот транспорт.

Како што објави China Daily, Пекинг на почетокот на март им издал лиценци на кинескиот технолошки гигант Baidu и стартапот за автономни возила Pony.ai за лансирање на такси услуги без возачи (роботакси).

Како што јави кинеската новинска агенција Ксинхуа, ова е првпат целосно автономна флота на возила да добие дозвола за работа во метропола од светска класа.

Двете компании, и двете меѓу водечките играчи во кинеската индустрија за автономно возење, имаат распоредено по 10 автономни возила на површина од 60 квадратни километри во јужните предградија на Пекинг.

Baidu планира да ги прошири своите автономни транспортни услуги во 65 градови до 2025 година и 100 градови во 2030 година, како што е најавено.

Кинеската самоуправувачка такси услуга се очекува да достигне 1,3 трилиони (188,6 милијарди американски долари) до 2030 година, што претставува 60 отсто од транспортниот пазар во земјата во тоа време, пишува весникот, цитирајќи ги предвидувањата на глобалната консултантска компанија IHS Markit.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП