Во периодот од 01.01. до 31.12.2022 година АД Евеопа-Скопје ги оствари следниве финансиски резултати:

Во 2022 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 873.056.294 денари и се намалени за 0,7% во однос на бруто приходите од 2021 година.

Вкупните оперативни приходи за 2022 година се зголемени за 0,1% во однос на истите во 2021 година. Останатите приходи бележат раст од 2,7%, а кај финансиските приходи зголемувањето е 125,4% во однос на 2021 година.
Група Европа за 2022 година оствари добивка во износ од 45.243.579 денари и е помала во однос на претходната година за 29,1%.
Вкупните расходите се зголемени за 1,6% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2022 година се зголемени за 1%, а финансиските расходи се зголемени за 64% во однос на 2021 година.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.