6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДани Алвеш потпишува дресови во затвор во замена за цигари

Дани Алвеш потпишува дресови во затвор во замена за цигари

Дани Алвеш (39) веќе два месеци е во затвор во Барселона, откако беше уапсен под обвинение за силување. Најтрофејниот фудбалер на сите времиња деновите ги минува во затворот „Брајанс“, а шпанските медиуми пишуваат за нов скандал, во чиј центар е Алвеш.

Според каталонскиот портал „Ел Касо“, Алвеш е вмешан во шема на шверц и продавање цигари во затвор. „Ел Касо“, пишува дека Алвеш соработува со еден затвореник кој може слободно да се движи низ затворот. Тој затвореник собира маици и дресови и ги носи кај Алвеш, кој потпишува автограм и за возврат добива цигари.

Со оглед на тоа дека Алвеш е познат фудбалер, неговиот автограм е многу вреден.

Затворските чувари забележале дека во затворот влегуваат големо количество дресови на Барселона.

Алвеш се обидува да одржува рутина во затворот и избегнува инциденти, надевајќи се дека примерното однесување ќе му помогне рано да излезе од затвор.

Сепак, тој може да биде казнет ако шпанскиот суд утврди дека профитирал од шверцување цигари во затворот.

Да потсетиме, Алвеш беше уапсен на 20 јануари откако девојка пријавила во полиција дека бразилскиот фудбалер ја силувал во ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП