20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЧетири знаци дека вашиот телефон можеби е хакиран

Четири знаци дека вашиот телефон можеби е хакиран

Се случува нешто необично со вашиот телефон? Ако се сомневате дека сте хакирани, проверете ги овие ставки.

Батеријата се троши побрзо од вообичаено

Ова е еден од најефикасните начини да проверите дали вашиот смартфон е хакиран. Ако се загрева без причина (дури и кога не е на полначот), многу е веројатно дека апликација работи во позадина, дури и кога екранот е исклучен.

За да ја проверите потрошувачката на батеријата, треба да изберете „Battery“ -> „Battery Usage“ во поставките. Побарајте нешто необично, некои апликации што ви се непознати или чудни скокови во проценти.

Ако тоа се случи, рестартирајте го телефонот, сами исклучете ја апликацијата што троши енергија и избришете ја доколку е потребно.

Рекламите често се појавуваат

Поп-ап рекламите може да се појавуваат на различни начини. Сега е прашање на рутина да ги исклучите, знаеме кога може да се појават и каде. Најдоброто нешто што можете да направите е да дознаете која апликација ви испраќа реклами (или која веб-локација ако е интернет прелистувач), а потоа да ги исклучите.

Чудни трансакции

Секако, доколку забележите необични банкарски изводи, или трансакции од вашата сметка за кои сте сигурни дека не сте ги направиле, многу е можно да сте жртва на хакер.

За да направите сѐ што е во ваша моќ за да спречите кражба на банкарски податоци, пред да ги дадете податоците за вашата картичка на апликација или веб-локација, проверете го нејзиниот „SSL“ сертификат – тоа значи дека „URL“-то започнува со „https“, известува „Make Use Of“.

Сомнителни СМС пораки

Ако вашите пријатели ви кажат дека добиле некоја чудна СМС порака од вас или некој ве контактира од непознат број поради порака што наводно сте им ја испратиле, постои голема шанса дека вашиот уред е хакиран.

На овој начин, малициозниот софтвер се обидува да се „рашири“, односно да се најде во што повеќе уреди. Ако забележите некоја непозната апликација (што може да биде причина за ова), не заборавајте да го блокирате пристапот до неа и да ја избришете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП