27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал за 40 милиони го купува Манџукиќ!

Реал за 40 милиони го купува Манџукиќ!

mario1

Екипата на Реал Мадрид сака во своите редови да го доведе Марио Манџукиќ! Познатиот агент на ФИФА, Франсоис Галјардо во популарното шпанско ТВ шоу „Punto Pelota“ го најави овој спектакуларен трансфер.

„Иако Флорентино Перез тврди дека не му се потребни засилувања во текот на јануарскиот преоден рок, сепак стручниот штаб смета дека им е потребен уште еден напаѓач. Без оглед што ќе се случи во текот на зимата, прв на шопинг-листата за налето е Марио Манџукиќ“, изјавил Галјардо кој досега најави многу трансфери, вклучувајќи го и оној рекордниот на Герет Бејл во Реал.

Галјардо тврди дека Реал е подготвен на Баерн да му плати помеѓу 35 и 40 милиони евра за хрватскиот напаѓач. Познато е дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти многу го цени Манџукиќ.

„Ми се допаѓа Манџукиќ. Многу е моќен и ефективен во играта со глава“, изјави Анчелоти за време на последното Европско првенство.

Потсетуваме дека оваа недела Манџукиќ дозна дека од следната сезона ќе добие конкуренција во нападот на Баерн Минхен, а станува збор за Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП